Во Стокхолм ќе го објават добитникот на Нобеловата награда за физика

© AFP 2017 / Jonathan Nackstrand

Нобеловиот комитет за физика при Шведската кралска академија на науките во вторникот ќе го соопшти добитникот на Нобеловата награда за 2020 во оваа област.

Минатата година признанието го поделија Канаѓанецот Џејмс Пиблз за „теретските откритија во физичката космологија“ и Швајцарците Мишел Мајор и Дидие Кело „за откривање на егзопланета во орбитата околу ѕвезда слична на Сонцето“.

Тројцата научници, што е според пропозициите максималната бројка лауреати кои може да ја споделат наградата во секоја област, беа почестетни со ласкавото признание „за нивниот придонес кон новото сфаќање на структурата и историјата на Универзумот и првото откривање на планета која кружи околу ѕвезда од соларен тип надвор од нашиот Сончев систем“. Овие откритија „засегогаш го променија нашето сфаќање на сврот“, истакна во 2019-та Нобеловиот комитет.

 

Кој има шанса да биде лауреат во 2020-та

Иако имињата на сите номинирани за Нобеловите награди, како и оние кои ги номинираат остануваат тајна половина век, компанијата „Clarivate Analytics“ од 2002 година прави листа на можните лауреати врз основа на рејтингот на цитираноста на научниците во стручните списанија. Така, трудовите на некои од научниците кои влегуваа претходните години во листата можни добитници биле цитирани или спомнувани по десетина илјади пати.

Годинава „Clarivate Analytics“ претпоставува дека наградата може да отиде кај Американците Томас Керол и Луис Пекор од американската Воено-поморска истраживачка лабораторија. Тие годинава во научниот свет се забележителни по нивниот труд за нелинеарната динамика, вклучително и за синхронизацијата на хаотичните системи.

Даи Хонгџи од Универзитетот Стенфорд и Алеск Зетл од Универзитетот Калифорнија, исто така, се на листата можни добитници на Нобеловата награда за физика. Истражувањето на овие научници се однесува на наноцевките: јаглеродни во првиот случај, и од боров нитрид во вториот случај.

Често биле цитирани и астрофизичарите Карлос Френк од британски Дарем, Хулио Наваро од канадскиот универзитет Викторија и Сајмон Вајт од германскиот Институт за астрофизија „Макс Планк“. Тие ги проучувале формирањето и еволуцијата на галаксиите, космичките структури и својствата на темната материја.

Шведските научници, пак, сметаат дека Французинот Ален Аспе, Австриецот Антон Хајлингер и Американецот Џон Клаузер се фаворити за престижното научно признание. Тие го опишаа ефектот на „квантната заплетканост“, при кој честитчките кои биле дел од ист систем продолжуваат да „чувствуваат“ промени во состојбата меѓу себе дури и на растојанија од неколку километри.

Се споменува и Американецот Питер Шор, кој е најпознат по своите резултати во теоријата за квантното пресметување. Уште еден кандидат, според шведските научнциите, е водачот на проектот Event Horizon Telescope *виртуелниот радиотелескоп со димензии на Земјата), Американецот Шеп Доулман, заедно со соработникот на проектот Хајно Фалке од холандскиот Универзитет Нијмеген, за првите снимки на ткн сенка на црна дупка во центарот на супергигантската галаксија Messier 87 (M87).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.