Во Струга се запали автомобил

На 24.09.2019 околу 01.00 часот во Полициска станица Струга било пријавено дека на ул.„Иса Пелар“ во Струга настанал пожар на патничко моторно возило „цитроен Ц-3“, со струшки регистарски ознаки, во сопственост на И.О.(27) од Струга.

Притоа, целосно изгорел предниот дел на возилото. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица Струга. Увид ќе се врши во текот на денот.