Во судар на автобуси на египетски Синај, најмалку 17 мртви

Најмалку 17 луѓе загинале а уште 13 други се повредени во голема сообраќајна несреќа која се одиграла во западниот дел на Синајскиот полуостров, соопшти во саботата египетското министерство за здравство.

„Како резултат на сударот меѓу минибус и автобус на трасата меѓу градовите Суец и Тор загинаа 17 лица, а повредени се 13“, изјави за медиумите портпаролот на минисетрството Хусам Абдулгафар.

На местот на несреќата биле испратени 13 возила на службата за итна медицинска помош, а повредените се хоспитализирани во болниците во градовит Тор, Аби-Ридејс и Шарм ел-Шејк.

Автобусот се движел кој популарното египетско одморалиште на Црвеното Море, Шарм ел-Шејк, кога се случил судирот на автопатот пред тунелот на околу десет километри пред градот Тур.

Несреќата во саботата е последната во серијата големи сообраќајни несреќи изминатите неколку дена во Египет. Во петокот камион со приколка удрил во шест автомобили и минибус на патот Порт Саид – Дамиета, во кој имаше повеќе повредени. Две лица загинаа а 45 се повредени во два други судара во четвртокот на автопатот ал-Сохна – Галала. Во средата, пак, едно лице загинало и осум други беа повредени во близина на главниот град Каиро.

Смртоносни сообраќајни несреќи се случуваат речиси секојденвни во Египет, главно поради непочитување на сообраќајните правила и лошо одржуваната инфраструктура.

Египетската влада одвои милијарди долари за развој и проширување на патната мрежа и зајакнување на безВбедноста последните години. Во 2021 година, парламентот одобри новите измени на законот за сообраќај со кој се воведуваат построги казни за сообраќајни прекршоци и воведување казнети бодови.