Во судар повреден малолетен мотоциклист

Околу 21 часот во петокот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на улицата „Кочо Рацин“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил „фиат пунто“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Х.А. од селото Горобинци, светиниколско и мопед со радовишки регистарски ознаки, управувано од малолетник од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и уште еден малолетен сопатник констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.