Во судар во струмичко повредени сопатничките во возилата

Две жени се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа во Струмица, информира МВР.

Вчера во 16:30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-село Ново Село, поточно кај село Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода Фабиа“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Б.Д. од Струмица и патничко моторно возило „БМВ“ со германски национални ознаки управувано од 30-годишниот Т.М. од село Владевци струмичко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Шкода Фабиа“ З.Ѓ.(64), а со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „БМВ“ Н.М.(58).

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Струмица.