Во судир на четири возила тешко повреден скопјанец

Едно лице е тешко повредено во сообраќајката што се случи вчера во 18.30 часот а крстосницата од ул.„Бутелска“ и ул.„Љуботенски пат“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(37) од Скопје, мотоцикл „пијаџо беверли“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.П.(33) од Скопје, патничко возило „фиат брава“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(31) од Скопје и патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(65) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.