Во судир на два трактори во кочанско еден тешко повреден

Вчера во 12:30 часот во село Тркање,кочанско на ул. „Гоце Делчев“ трактор „имт 533“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(65), удрил во паркиран трактор ,,имт 539“ со кочански регистарски ознаки, сопственост С.А.(55), и двајцата од село Тркање.

Во незгодата Т.Б. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.