Украинската телевизија извести дека денеска 20 украински војници загинале во нападот на проруските активисти на истокот на Украина во текот на ноќта.
Неименуван извор од украинската војска изјави дека бројот на загинати, би можел да биде помал пренесува Ројтерс.
Воени официјални лица соопштија дека на припадниците на војската било пукано од тенкови и дека биле подложни на минофрлачки напад во близина на Шахтарска, во подрачјето каде што падна малезискиот патнички авион и дека бројот на загинати се утврдува.