Во судирите на двете либиски влади најмалку 32 убиени

Во судирите меѓу спротиставените политички фракции и вооружените групации на приврзаниците на ривалските либиски влади во Триполи од петокот кон саботата убиени се 32 лица а уште 159 други се ранети, според најновите податоци кои во неделата ги објави либиското министерство за здравство.

Во неделата во Триполи е мирно по судирите кои избувнаа изминатите денови меѓу вооружените групации во повеќе квартови на либиската престолнина, пренесуваат новинските агенции.

Двете влади се борат за власта уште од март. Едната е со седиште во Триполи а од 2021 година ја води Абделхамид Дбеиба, а другата ја води Фати Башага кој го поддржува таборот на фелдмаршалот Калифа Хафтар, командант на источните либиски сили во Томбрук.

Медиумите и политичките коментатори велат дека судирите завршиле со неуспешен обид на Башага, поранешен министер за внатрешни работи, да ја смени владата на својот ривал Дбеиба. Вооружените групи кои се сметаат дека оваа политичка пресметка се сметаат за неутрални, застанале на страната на Дбеиба, што било решавачки за исходот на борбите.

Башага, кого го поддржува парламентот во Триполи и воениот водач од истокот Калифа Хафтар, тврди дека на Владата на национално единство (GNU) ѝ истекол мандатот. Меѓутоа, Башага не успеа да ја преземе власт, бидејќи Дбеиба инсистира на пренос на власта само на избрана влада.

Башага во февруари го именуваше парламентот, кој е избран во 2014 година и со седиште во источниот град Тобрук, но тој не успеа да ја наметне својата власт во Триполи. Првично ја отфрлаше можноста од насилства, но поранешниот министер во меѓувреме навести дека би можел да употреби сила. Минатата седмица ги повика „либиските чесни луѓе“ да престанат да ја поддржуваат „застарената и нелегитимна“ влада на Дбеиба. Во јули во судирите на ривалските групации во Триполи загинаа 16 луѓе. Тоа беше најсмртоносното насилство во главниот град на Либија, по неуспешниот обид воено да го заземе во периодот меѓу 2019 и 2020 година.

Мисијата на Обединетите нации во Либија повика на „моментален прекин на непријателствата“ и предупреди на „вооружените судири кои се во тек, вклучително и неселективно гранатирање со средна и тешка артилерија во станбени населби“ при што се оштетени болници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.