Во судирите на истокот на Украина, загинаа 15 украински војници

Во жестоки судири на истокот на Украина загинаа 15, а повредени се 79 украински војници и граничари во последните 24 часа, изјави денеска портпаролот на украинската восјка Андриј Лисенко.

Според него, меѓу загинатите се седум војници и осум граничари, кои го изгубиле животот во судирите околу контролата на границата со Русија на југоистокот на земјата, во регионот на Луганск, пренесува АФП.

Во Доњецк пак две лица загинале во гранатирање.