Во швајцарските Алпи за четири дена загинаа три лица

Двајца германски алпинисти загинаа во Швајцарија при искачувањето на врвот Дан-Бланш, високо 4.357 метри, соопшти во неделата полицијата на кантонот Вале.

Инцидентот е пријавен во саботата утрото, околу 8,30 часот по локално време. Двајцата спортисти започнале со искачувањето по јужниот срт, но следел нивен пад. Сведоци на трагедијата биле други планинари, кои ја известиле спасувачката служба.

Во менетов сѐ уште се истражуваат причините за инцидентот, и се спроведуваат процедурите за сигурна идентификација на загинатите.

Претходно на 1-ви август, исто така, во планините на кантонот Вале, 58-годишна туристка од Велика Британија загина во обидот да го ислаќи врвот Штралхорн. При преминување на глечерот Алинхорн, жената паднала во пукнатина во мразот и потонала.