Во Шведска птица собори воен авион

Шведски воен авион се урна во близина на Карлскронa, 160 километри источно од Малме. Причина за падот е судир со птица.  Пилотот успешно се катапултирал и е однесен во болница, пренесува AP.

Шведскиот воен авион Jas Gripen се урнал по неочекувана средба со јато птици. Никој не е повреден во инцидентот, а според изјава на официјално лице на шведската војска, пилотот бил пронајден од хеликоптерот за спасување и однесен во болница на превентивен преглед.