Во Шведска уапсен обвинет за потпалување џамија

Шведската полиција во понеделникот уапсила маж кој е приведен на испрашување поради сомневање за подметнување на пожар во шиитска џамија, најголемата во земјата, во предградие на главниот град Стокхолм, соопшти тамошната полиција.

Нема повредни во пожарот во џамијата во предградието Јарфала на шведската престолнина.

Полицијата објави дека уапсила маж во врска со пожарот, но не даде повеќе информации, ниту го откри идентитетот на осомничениот.

Шведските власти стравуваат од можни одмазди откако минатиот месец Узбекистанец на кој му било одбиено барањето за азил со украден камион косеше луѓе во центарот на Стокхолм при што загинаа пет лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.