Во светот до 20 часот се зголемува бројот на смртни случаи

26

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 836.899 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 41.237, а оздравеле 174.502 луѓе.

– Смртните случаи вo Канада се зголемија за 35 проценти за помалку од 24 часа, соопштија здравствените власти.

– Во последните 24 часа во Турција починале уште 46 лица, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата достигна 214. Заразени се вкупно 13.531 лице.

– Бројот на смртни случаи во САД го надмина бројот на починати во Кина.

– Укинат е 14-дневниот карантин на Банско во Бугарија.

– Повеќе од седум од 10 Германци поддржуваат укинување на спортски настани за време на пандемијата.

– Рекорден број на починати за 24 часа во Велика Британија.

– Повеќе од половина од Романците сметат дека новиот коронавирус е создаден во лабораторија.

– Во Јапонија за првпат регистрирани над 200 новозаразени со коронавирусот за едно деноноќие.

– Поранешниот тениски шампион Патрик Мекенро е позитивен на коронаворус.

– Гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо изјави дека неговиот брат Крис Куомо, инаку водител на СИ-Ен-Ен е позитивен на коронавирусот.

– Вкупно 1.193 вработени во полицијата во Њујорк се позитивни на Ковид-19, а околу 15 проценти од вработените се на боледување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.