21.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Во светот досега се регистрирани 1.846 129 од нив починати се 113 871, излекувани се 421 801 луѓе

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.846 129.  лица заразени со новиот коронавирус.

Од нив починати се 113 871 , а излекувани се 421 801  луѓе.

Соединетите американски држави и натаму се први по бројот на заразени и по бројот на починати само вчера починаа 1375 лица, а на  европскиот континент најмногу починати вчера имаше и во Велика Британија  737 лица . Во Шпанија и Италија бројот на починати е околу 500, но и понатаму расте бројот на заразени.

Во Франција во последните 24 часа од вирусот ковид-19 починаа 561 лице, со што вкупниот број смртни случаи изнесува 14.393 лица.

Четврти ден по ред, бројот на пациенти на интензивна нега забележа намалување.