Во светот речиси 85 милиони заразени и над 1,8 милиони починати, Македонија петта по смртноста

Пандемијата на Covid-19 досега однесе најмалку 1.835.824 човечки животи а со новиот коронавирус за една годна се заразиле речиси 85 луѓе ширум светот, наведува во неделата агенција France Presse (AFP) врз основа на официјалните резулатити кои ги обработила до 12 часот по средноевропски време и кои покажуваат дека Македонија е петтата земја во светот според смртноста.

Во саботата во светот се пријавени 8.133 смртни исходи како последица од компликациите кои ги предизвикува Covid-19, како и 578.676 новозаразени.

Земји кои во последните извештаи пријавиле најмногу смртни случаи се САД со 2.378 починати, Русија со 504 починати и Велика Британија со 445 смртни случаи поврзани со Covid-19.

Најголем број починати во однос на бројот на населението има Белгија со 169 смртни исходи на 100.000 жители, па следат Словенија со 133, Босна и Херцеговина со 125, Италија со 124 и Македонија со 121 починат на 100.000 жители.

САД минуваат најлошо како според бројот на смртните случаи, така и според бројот на заразените или 350.214 во последниот пресек, или вкупно 20.430.088, покажуваа податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Потоа следува Бразил со 195.725 починати и 7.716.405 заразени, Индија со 149.435 починати и 10.323.965 заразени, Мексико со 126.851 починати и 1.443.544 заразени и Италија со 74.985 починати и 2.141.201 заразени.

Европа во неделата во 12 часот по средноевропско време имала 589.492 починати и 26.933.136 заразени, Латинска Америка и Карибите 510.720 починати и 15.698.098 заразени, САД и Канада со 365.914 починати и 21.016.142 заразени, Азија со 220.651 починат и 13.987.687 заразени и Океанија со 954 починати и 31.122 заразени.

Повеќе од 84.508.990 случаи на коронаинфекции се официјално потврдени од избувнувањето на пандемијата кон крајот на декември 2019 година, од кои до денеска оздравеле 54.001.300 лица.

Од почетокот на пандемијата бројот на спроведените тестирања значително е зголемен, а методите за откривање на болеста и следењето на контактите се усовршиле, што довело и до зголемува на бројот пријавени случаи на заразите, оценуваат стручњаците.

Бројот на дијагностицираните случаи, сепак, не ја одразува вистинската состојба, бидејќи и натаму не се идентификува голем дел од полесните и асимстоматските случаи на заразата.