Во СВР Велес пријавено дека ученик истакнал албанско знаме во дворот на средното економско училиште

Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Васко Трајковски пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.

-Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено, информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.