Во СЗО веруваат дека пандемијата на коронавирусот ќе трае „уште долго“, ја продолжи вонредната состојба

Последиците од пандемијата на коронавирусот ќе се чувствуваат во следните децении, оценуваат стручњаците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) којашто одлучи да ја продолжи вонредната состојба на глобално ниво за уште три месеца, соопшти во саботата Комисијата за вонредни состојби при СЗО по состанокот одржан во петокот во седиштето на организацијата во Женева.

На состанокот на Комисијата за вонредни состојби одржан во саботата, било заклучено дека пандемијата останува и натаму посебна ситуација која има меѓународно значење.

Во Комисијата биле согласни дека пандемијата сѐ уште претставува јавноздравствена вонредна состојба од меѓународен интерес, и на челникот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејеус му препорачале продолжување на вонредната состојба, а тој се согласил со предлогот. Во овој конекст, Комисијата ќе биде свикана повторно по три месеца со одлука на генерланиот директор.

Експертите изаразиле благодарноста до СЗО и нејзините партнери за напорите за борба против коронавирусот. Во Комисијата за вонредни состојби ја истакнале неопходноста од консолидирање на напорите за справување со проблемот и ги повикуваат особено младите луѓе да ги почитуваат и применуваат мерките за спречување на ширењето на болеста.

Челникот на СЗО истакна дека актуелнљта пандемија е криза „којашто се случува еднаш во еден век, а нејзините последици ќе се чувствуваат во наредните децении“. Според него, во моментов многу прашања во врска со пандемијата биле решени, но предупреди и дека преостануваат уште многу проблеми за решавање.

Според податоците со кои располагаат во СЗО за проучувањата на иминутетот, поголемиот дел од светската популација е подложна на вирусот, дури и онаму каде што веќе биле регистрирани „сериозни појави“ на болеста.

Комисијата му препорачала на СЗО да „предложи координирање и мобилизирање“ на глобалните и регионалните организаци за борбата против пандемијата, укажувајќи им поддршка на земјите за да се справата со ширењето на Covid-19 и помош во забрзувањето за идентификување на животнинскиот извор и потенцијалниот природен резеровар на коронавирусот.

Ова беше четвртата средба на Комисијата за вонредни состојни на СЗО, којашто ја сочинуваат 18 експерти и 13 консултанти. Нејзината задача е проценување на моменталната состојба во борбата со пандемијата и изработување препораки за натамошни ефективно реагирање на неа. Претходните три нејзини состанока се одржаа на 22/23-ти јануари, на 30-ти јануари и на 30-ти април. На 30-ти јануари, по препорака на членовите на Комисијата, СЗО објави вонредна јавноздравствена криза во глобални рамки.