Во тајфунот во Јапонија загинаа четири лица, а 96 се повредени

Жителите на Јапонија беа повикани да бидат во состојба на готовност во петокот бидејќи тајфунот Шаншан, во кој загинаа четири и повредени најмалку 96 лица, продолжи да се движи кон североисточниот дел на земјата.

Бројот на жртвите го објави јапонската телевизија NHK. Ова е десетти тајфун сезонава во земјата.

Иако временскиот фронт е ослабен откако тајфунот го погоди Кјушу, југозападниот јапонски Голем остров, во четвртокот рано наутро, тој продолжи да минува низ големи делови од земјата со обилни врнежи од дожд. Следеа поплави и причинета е штета, а сообраќајот беше сериозно во прекин.

Јапонските метеоролошки власти ги повикаа жителите да бидат крајно внимателни поради зголемениот ризик од лизгање на земјиштето и поплави.

Три лица загинаа во лизгање на земјиште во централниот регион Аичи. Во Токушима на Шикоку, најмалиот од четирите главни јапонски острови, 80-годишен маж загина кога се урна покривот на неговата куќа, објави NHK.