Во талибанскиот напад во Кабул убиени 18 и ранети 145 лица

Во нападот на бомбаш самоубиец врз полициска станица во средата во авганистанската престолнина Кабул, за кој одговорноста ја преземаа талибаните, убиени се 18 а ранети уште 145 лица, соопштија владини извори за телевизијата Tolo News

Иако се чини дека талибаниет и САД се блиску до постигнување историски пакт за повлекување на американските војници од Авганистан во замена за ветувањето на талибаните дека повеќе оваа земја нема да ја користат како база за планирање екстремистички напади, судирите и натаму продолжуваат. Експлозијата на западот од Кабул во утринските часови оставила зад себе густ облак од сув чад.

Талибаните во соопштение до новинските агенции наведуваат дека нивен бомбаш-самоубиец нападнал „регрутен центар“. „Голем број војници и полицијаци смртно настрадаа или се повредеи во нападот“, порачаа талибаните.

Заменик министерот за внатреши работи Кошал Садат на прес-конференција изјави дека 14 луѓе, а ранети се 145 лица. Меѓу нив четворица полицајци, а другите се цивили, како и 92 лица од вкупниот број повредени. Меѓу настраданите се и жени и деца, соопштија во продолжение од министерството за здравство.

Бомбата била активирана кога возило со експлозивна направа било запрено пред полициската стануца, соопшти портпаролот на министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими.

„Повторно талибански бомбашки напад врз цивилна област заврши со страдање на многу невини луѓе. Константнтие напади на талибаните укажуваат на тоа дека не се посветени мирот“, напиша на Twitter Садик, Садики, портпарол на авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Во вторникот талибаните на своите борци им порачале да се спротистават на одржувањето на претседателските избори кон крајот септември и се заканија дека со насилство ќе го попречуваат изборниот процес. Во соопштението кое до медиумите го испратил талибанскиот портпарол Забиула Муџахид пунтовниците ги „повикуваат“ своите борци „со сите своите капацитети да се спротиставата на овој театарски изборен процес“.

„За да не страдаат нашите сограѓани, треба да ги избегнуваат собирите кои може да станат целио“се закануваат талибаните и ги повикуваат избирачите да го бојкотираат изборите.

Безбеносните сили се „потполно подготвени“ да ги штитат Авганистанците од заканите на талибаните и нема да дозволат никому да го нарушува изборниот процес, одговори авганиското претседартелство на талибанската објава.

„Учеството на изборите и директното бирање на челникот се верски и законски права на авганистанскиот народ и владата

Насилствата продолжуваат и покрај осмиот круг од преговорите меѓу претставниците на радикалното исламистичко движење Талибан и САД, кои во моментов се водат во катарската престолнина Доха, и во моментите кога и двете преговарачки страни изразуваат задовоство од „одличниот напредок“.

Во вторникот вечерта најмалку пет лица беа убиени, а седум ранети во атентат врз возило на владините служби за борба против наркотиците, објави министерството за внатрешни работи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.