Во тек е евакуација на просториите на CNN и центарот Time Warner

Отако е објавено дека сомнителни пакети се испратени на адресите на поранешната прва дама на САД, поранешна државна секретарка и неуспешен демократски кандидат за претседател во 2016-та Хилари Клинтон, на поранешниот претседател Барак Обама и на Белата куќа, американските медиуми јвуваат дек во тек е евкуација на просториите на телевизијата CNN и на облакодерот Time Warner во центарот на Њујорк.

Новинар на CNN објави на Twitter дека се евакуираат нивните простории, пренесува агенцијата Reuters.

Британската новинска агенција, исто така, повикувајќи се на CNN, известува и дека во тек е евакуација на облакодерот Time Warner. Просториите на телевизијата се наоѓаат во овој облакодер.

Операцијата на евакуирање на зградата е преземена откако бил откриен сомнителен предмет во просторијата каде што се анализира и сортира поштенската кореспонденција, објави CNN.

Во солитерот пристигнале група пиротехничари, тим за брза реакција и неколку полициски возила. Евакуацијата започнала откако бил активиран противпожарниот аларм.

Според објавата на CNN, припадници на њујоршката полиција ги проучуваат сомнителнито пакет, кој потсетувал на оние кои биле прессретната од американската Тајна служба адресирани на Белата куќа, до Хилари Клинтон и Барак Обама.

Сомнителниот пакет ќе биде сместен во специјален контејнер и изведен од зградата а подоцна ќе биде уништен со контролирана експлозија, рекле полициски извори за телевизијата.