Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

Министерството за труд и социјална политика информирааше во понеделникот дека во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период.

Од Министертсвото појаснуваат дека исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година, за во текот на февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на мај и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули.

„Висината на додатокот за образование за ученици во основно училиште изнесува 737 денари месечно, односно 2.211 денари по мерен период. Висината на додатокот за образование за ученици во средно училиште изнесува 1.053 денари месечно, односно 3.158 денари по мерен период“, наведуваат во денешното соопштение од МТСП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.