Во тек е обдукцијата на починатот ракометар Тот

Во тек е обдукцијата на телото на младиот ракометар на РК Бутел, Денис Тот, дознава Сител.

Директорот на Судска медицина, д-р Александар Станков вели дека наодите ќе бидат предадени на Јавното обвинителство.

„Можам да ви кажам дека обдукцијата е во тек. Сите информации од обдукцијата ќе му бидат пренесени на надлежниот Обвинител“, вели Станков за Сител.

Братот на Денис, Борис Тот преку социјалните мрежи вчера вечер напиша дека причината за смртта на 27-годишниот ракометар е срцев удар.

„Денис почина од срцев удар, а не од какви било телесни повреди, тепачка или останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден“, рече Борис Тот.