Во тек е операција на Боки 13 во болницата „Свети Наум Охридски-Скопје“, ќе му биде изваден желудникот

Во тек е операција на Бојан Јовановски-Боки 13 во болницата „Св. Наум Охридски-Скопје“.

Тој утринава бил однесен во операциона сала, каде треба да му биде извршен оперативниот зафат.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, полномошник на Јовановски-Боки 13 за дел од медиумите ја потврди информацијата и посочува дека станува збор за сложена интервенција која е ризична и животно-загрозувачка “.

Дека ќе дојде до операција се навестуваше месеци наназад од страна на Јовановски-Боки 13 и неговиот адвокатски тим.

Тие бараа хуман третман и да бидат почитувани мислењата од докторите од болницата „Св.Наум Охридски Скопје“ кои ординираа терапија и кажаа дека состојбата не може да се санира во затворски услови.