Во тек е склучувањето договори меѓу тутунарите и откупувачите

Тутунарите ги подигнаа евидентните листови во кои ги најавуваат површините за новото производство. До крајниот рок што истече на 31 март, беа побарани 23.400 евидентни листови или речиси исто како лани.

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), електронското водење на евиденцијата за секоја парцела го намали бројот на двојни и тројни договори што производителите ги склучуваа со повеќе претпријатија, но и ги натера откупувачите да побрзаат со потпишувањето на договорите пред завршувањето на законскиот рок, 10 април.

Тутунарите до крајот на март го пријавуваа новото производство во подрачните едниници на МЗШВ, пред да потпишат договор со откупувачите.