Во Тексас продолжува потрагата по преживаните по Харви

Спасувачите макотрпно ги пребаруваат поплавените области на југоистокот од американската сојузна држава Тексас во потрага по преживеани по минувањето на разорната тропска бура Харви, а претседателот Доналд Трамп побара од Конгресот 7,85 милијарди американски долари за ублажување на последиците од природната катастрофа.

Поради бурата, една од најразорните коишто ги погодија САД последните децении, своите домови мораа да ги напуштат речиси милион луѓе во округот Харис кој има 4,6 милиони жители, а се стравува дека најмалку 50 луѓе загинале во поплавите кои ги парализираа четвртиот според население американски град Хјустон, ги подигнаа нивоата на реките на рекордни висини и го прекинаа снабдувањето со вода за пиење во Бомионт во Тексас, град со 120.000 жители.

Администрацијата на претседателот Донадл Трамп во писмо до Конгресот побара 7,85 милијарди долари како почетна помош за настраданите подрачја. Тексашкиот гувернер Грег Абот предупреди дека неговата држава можеби ќе има потреба од повеќе од 125 милијарди долари.

Советникот за внатрешна безбедност на Белата куќа, Том Босерт, изјави за новинарите дека помошта ќе доаѓа во фази. Босерт рече дека администрацијата на Трамп сака Конгресот да одобри мерки за ублажување на последиците од катастрофата како самостојни, а не да ги додаде на други мерки, како што е дозволување да се подигне плафонот за јавниот долг.

Американската влада има законско ограничување колку пари може да позајми за да се покрие буџетскиот дефицит како резултат на тоа што Вашингтон троши повеќе отколку што собира преки даноците. Само Конгресот може да ги го зголеми тоа ограничување, Трамп има намера повторно да ја посети поплавената област во саботата.

Иако во Хјустон нивото на водата се спушти во многу области, градоначланикот Силвестер Тарнер повика на доброволна евакуација на западната страна од градот. Рече дека поплавените подрачја може да бидат во опасност додека воените инженери продолжуваат да ја испуштаат водата во соседната област Бафало Бају за да спречат пукање на браната и насипот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.