Во Тетово фатени студенти со марихуана

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 12 часот на улицата Видоја Смилевски-Бато во Тетово полицијата ги застанала 22-годишниот Д.Д. од Дебар и една година постариот Ч.Л. од Албанија, кои имале дозвола за студентски престој во градот.

При преглед на Д.Д. полицијата во џебот од јакната пронашла три пакувања со непозната тревкаста материја.

Истиот ден полицијата извршила претрес во станот на Д.Д. при што пронајдена е патна торба во која имало непозната тревкаста материја,  две метални дробилки, едно пакување ризла и празни зипер-кесички, како и лични документи на  двете лица.

Лицата се приведени и задржани во тетовската полиција и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.