Во Тетово постои јавна установа која не функционира, а СДСМ во неа има вработено повеќе луѓе од просечна државна установа

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Шестата изборна единица, Александар Велјановски, на вечерашната дебата на 24 Телевизија, истакна дека во Тетово има Јавна установа која не функционира,а има вработени повеќе луѓе д просечна установа.

„Во Тетово постои јавна установа која не функционира, а СДСМ во неа има вработено повеќе луѓе од една просечна установа“, рече Велјановски.

„За време на владеењето на СДСМ и Зоран Заев, партиските вработувања, криминалот и корупцијата навлегоа во сите пори на општетсвеното живеење, флоскулите нема правда нема мир и едно општество за сите останаа само празни зборови“, рече тој.

Во однос на администрацијата Велјановски вели дека повторно и во овој домен не е направено ништо и покрај сите ветувања на власта, лошото менаџирање е проблем, одредени критериуми беа либерализирани за административците, за да можат да се вршат дополнителни партиски вработувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.