Во Тетово претепан директорот на Пазарна инспекција

Во петокот во Тетово од страна на група Албанци е претепан Стојко Пауноски, поранешен пратеник од редовите на владејачката СДСМ, информира порталот Магазин.

Стојко Пауноски кој живее кај ткн Офицерските згради во центарот на Тетово, вчера вечер околу 20 часот повикал сообраќајна полиција откако имал расправија со лица од соседното кафуле кои му го блокирале возилото пред зградата и не сакале да се препаркираат

Откако завршила таа епизода, поранешниот пратеник си заминал во неговиот дом. Нешто после полноќ истата група Албанци пред зградата го чекале и го нападнале неговиот син, кој се уплашил и викал за помош. Неговиот татко, Стојко Пауновски од терасата го видел тепањето на својот син и веднаш се симнал да го брани, но групата неиндетификувани напаѓачи ги претепале и двајцата по што избегале во непознат правец, пушува порталот.

Околу 1 часот по полноќ Пауноски и неговиот син пристигнале во градската болница каде што им била укажана медицинска помош и констатирана тешка телесна повреда на скршени коски и течки набиеници.

Случајот во полиција бил пријавен околу 04 часот сабајлето но досега нема приведени лица за инцидентот