Во Тетово санкционирани 60 возачи за брзо возење, 45 возеле со 50 километри на час над дозволеното

Полициски службеници од СВР Тетово, денеска, во периодот од 13 до 19 часот спроведоа засилена акциска контрола на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 60 возачи, од кои 45 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а 18 со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Како што најавуваат од МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови со апел до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи заради посигурни патишта.