Во Тетово уапсен е навивчот кој на теренот му удри шлаканица на гостински фудбалер

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.