Во Тетово уапсени 4 лица поради поседување на кокаин

На 29.09.2019 околу 21.50 часот полициски службеници на СВР Тетово во тетовското село Подбреѓе ги лишиле од слобода С.А.(21) од Мерово, Б.А.(24) од тетовското село Синичане и Е.А.(23) и Е.А.(28), двајцата од Тетово, поради тоа што при преглед кај нив бил пронајден кокаин.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.