Во тетовскиот регион денеска гласаат 80 лица, утре 192, дислоцирани неколку избирачки места

Во тетовскиот регион 80 лица се вкупно пријавени за гласање денеска поради потребата да бидат дома во изолација или болни од Ковид-19. Најмногу, 55 се во рамки на општина Тетово, додека во Теарце има осум. По пет се во општините Јегуновце, Желино и Брвеница и само двајца во општина Боговиње.

Своето право на глас од дома утре евидентирани како болни и изнемоштени ќе можат да го остварат 192 лица во сите шест тетовските општини. Тетово има најмногу 81, Јегуновце 41, Брвеница 18, Боговиње 22, Теарце 29 и Желино едно лице.

Изборната комисија за општина Тетово за денот на изборите има предвидено дислокација на неколку избирачки места. Сите избирачки места кои досега биле лоцирани во објектот на ЈКП Тетово на градски пазар се дислоцираат во ОУ „Братство“- објект Спортски центар, додека сите избирачки места од општина Тетово се преместуваат во ОУ „Лирија“, соопштија денеска од ОИК Тетово.

Општина Тетово има најмногу 84.454 избирачи, кои можат да гласаат на 117 места, додека најмала е општина Јегуновце со 10.168 гласачи.