Во тетовско Јажинце автомобил удрил во пешаци, истите се префрлени на клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје

На 26.03.2021 во 18.45 часот на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, кај с.Непроштено, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(30) од с.Глоѓи, тетовско, удрило во малолетен пешак и М.А.(42), двете од с.Непроштено.

По незгодата, пешаците се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде им се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Тетово.