Во ТИРЗ Неготино продадени сите 10 парцели

Продадeни се сите 10 парцели во индустриската зона Неготино, кои беа понудени на продажба, информираше денеска градоначалник на Неготино, Ванчо Апостолов, по вчерашната успешна електронска аукција.

„Одличната местополжба си го направи своето, имаше интерес за локациите кои ги понудивме и ги продадовме сите. Се работи за градежно земјиште од вкупно 12.5 хектари, за индустриска зона близу селото Црвени Брегови, а треба да никнат објекти од лесна и незагадувачка индустрија. Продадените парцели се со различна големина“, појасни Апостолов.

Тој потсети дека и на претходното јавно наддавање беше продадено исто толку градежно земјиште од оваа индустриска зона.