Четворица повредени во излетување на македонски автобус во Србија

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во 5.50 часот утрово ан автопатот Белград – Ниш во близина на алексиначкото село Катул.

До незгодата дошло кога автобус на транспортната фирма „Транспродукт“ кој сообраќал на линијата Скопје – Белград, од досега неутврдени причини излетал од автопатот.

Екипите на итната помош четворица повредени пренесоа до нишкиот Клинички центар. Тројца по дијагностиката се отпуштени зошто немале сериозни повреди, а еден пациент и натаму е во болнциа.

Според неофицијалнтие информации на лекување е задржан возачот на автобусот кому најверојатно му се слошило во текот на возењето, што довело до несреќата.