Во трговијата има најмногу работа

Најмногу слободни работни места во државава се нудат во трговијата на големо и на мало и во преработувачката индустрија. Според денешните податоци на Агенцијата за вработување, во трговијата на големо и на мало се регистрирани 2.037 слободни работни места, а 1.557 во преработувачката индустрија.
Понудата на работни места, пак, во Скопје е најголема и во главниот град се евидентирани 5.071 слободни работни места. Следуваат Охрид со 462 и Тетово со 307 слободни места за работа.
Најбарани професии, според денешните податоци на АВРМ, се обезбедувачи, продавачи и чувари. За овие професии има побарувачка на пазарот од 632, 570, односно 523 лица за чувари.
Инаку, во април годинава бројот на невработени во државава изнесувал 103.083 лица, а под ставката „други“ кои бараат работа, АВРМ регистрира 88.578. Или, вкупната бројка изнесува 191.661.
Лани во април брјот на неработените изнесуваше 101.762 лица, а на „другите“ 88.897.