Во три европски воздухопловни компании нови долги штрајкови следната седмица

На германската воздухопловна компанија „Lufthansа“, како и на нејзините компани ќерки „Eurowings“ и „Germanwings“, од средината на следната седмица им се закануваат долготрајни штрајкови, соопшти во неделата синдикатот на кабинскиот персонал UFO.

„Овие штрајкови ќе бидат многу пообемни и подолготрајни од претходните“, изјавил еден од претставниците на синдикатот UFO. Поединостите за опсегот и траењето на штрајкот, од синдикатот ќе бидат изнесени во среда.

Последниот пат кабинскиот персонал на овие компании штрајкуваше три дена пред Нова година. Тогаш беа откажани повеќе од 200 летови на авионите на „Germanwings“.

Можноста од нови штрајкови се јави откако во четвртокот без договр беа прекинати преговорите меѓу претствниците на „Lufthansа“. Компанијата и синдикатот се спорат не толку околу конкретните барања на UFO, колку околу негирањето од страна на „Lufthansа“ на правото на застапување на кабинскиот персонал од овој синдикат.

Германските медиуми деновиве пишуваа за „тешко нарушени односи“ меѓу работодавачите и синдикатот на кабинскиот персонал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.