Во три европски земји уапсени над 60 припадници на албанската мафија

Повеќе од 60 лица се уапсени во Белгија, Холандија и Франција под обвинение за криумчарење дроги и нелегални мигранти во Франција, како и за проституција и перење пари, соопшти во саботата италијанската управа за борба притив мафијата.

Се верува дека осомничените управувале со најмалку десетина плантажи за одгледување канабис, низ Белгија и во северниот дел на Франција. Некои од истите осомничени биле, исто така, вклучени во случаи на трговија со луѓе во Франција.

„Опасната албанска криминална група“ дејствувала низ цела Европа, се истакнува во соопштението. Во синхронизираната операција биле ангажирани повеќе од 600 полициски службеници од четири земји, вклучително и од Италија, кои имале поддршка од колегите од Европол којашто „се однесува на анализата на податоцтие добиени во текот на извршени претреси“.

Завршниот дел од операцијата бил изведен од 3-ти до 5-ти април. Меѓу 64-те уапсени лицач, 55 се уапсени во Белгија, од кои осуммина се државјани на Италија, коишто живееле во Белгија, седум се приведени во Холандија и уште две во Франција.

Италијанската антимафијашка агенција учествувала во поддршка на операцијата преку заедничката оперативна мрежа, проект за соработка меѓу различните европски полициски сили.

Конкретно, во текот на истрагата, италијанската полиција го открила престојувалиштетот и организирала апсења на криминалец од албанско потекло кој бил во бегство, за кој била распишана европска потерница од страна на судот во Болоња.

Албанскиот организиран криминал продолжува да останува загриженост за земјите низ Европа, закана што Европол ја зема многу сериозно, се наведува во соопштението на европската полициска агенција.

Во март годинава, експертите за албанскиот организиран криминал се состанаа во седиштето на Европол во Хаг, на разговори околу начините за подобро справување со овие хиерархиски структуирани насилни кланови од мафијашки тип. Натамошните операции од овој тип се очекуваат во блиска иднина, најауваат од Европол.