Во Тунис судири помеѓу демонстрантите и полицијата откако се самозапали новинар

Полицијата употреби солзавец со цел да ги растера демонстрантите кои протестираа во тунискиот град Касерин по денешниот погреб на новинарот, кој се самозапали.

Новинарот Абдел Разак Зоргуи (32) синоќа се самозапали во знак на протест поради високата стапка на невработеност и влошувањето на економската ситуација во истоимената провинција Касерин, која е една од најсиромашните во Тунис.

– Во име на синовите на Касерин, кои немаат средства за храна, денеска ќе почнам револуција, ќе се запалам, изјави Зоргуи во видео снимката, што ја објави пред смртта.

Во декември 2010 година млад трговец се самозапали во градот Сиди Бузир, што доведе до масовни протести и смена на режимот на Зин ал Абидин бен Али во јануари 2011 година.