Во Турција хоспитализирани 12 лица сомнителни за зараза со коронавирусот

Десет кинески туристи кои патувале во турска Кападокија, и двајца турски државјани се хоспитализирани со сомневање на коронаворус, соопшти на прес-конференција гувернерот на покраината Аскарај Али Манти.

„Симптомите на болеста се појави кај еден од туристите, како мерка на претпазливост лекарите изолираа уште девет лица кои биле во контакт со него, како и туристичкиот водач и возачот на автобусот“, го цитира Манти агенцијата DHA.

Наодите од пациентите се успратене во турското министерство за здравство. Пред да бидат добиени конечните резултати, туристите ќе бидат сместени на одделот за заразни болести на локалната болница.

Според најновите податоци на Националниот здравствен комитет на Кина, вкупниот број случаи на зараза од новиот вид коронавирус во земјата достигна повеќе од 4.500 луѓе, од кои 106 се починати.

Надвор од Кина, потврдени случаи се пријавени во Хонгконг, Макао, Тајван, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, САД, Канада, Виетна, Сингапур, Непал, Франција, Австралија, Малезија и Германија.