Во Турција се намалува бројот на смртни случаи од коронавирусот

Турција објави дека 28 лица починале од коронавирус во последните 24 часа, а оти заразени биле 1.022, со што продолжува падот на бројот на смртни случаи и инфекции во таа земја. Министерот за здравство, Фахретин Коџа ги објави новите податоци во порака на Твитер. Досега во Турција починале вкупно 4.199 лица, а 151.615 биле заразени.

Турција се одлучи за делумна изолација, трасирајќи ги контактите на заразените во борбата против коронавирусот. Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева оти следниот полициски час за целата нација за време на муслиманскиот празник на Рамазан Бајрам од 23 до 26 мај ќе биде последната рунда од ваквите затворања.