Во Турција уапсени 65 лица поради поврзаност со ИД

Турските специјални служби приведоа 65 лица осомничени за поврзаност со терористичката група Исламска држава, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Тој на социјалната мрежа Икс објави дека во изминатите пет дена во 17 окрузи спроведени се операциите против терористичката група ИД, при што се уапсени 65 луѓе.

Операциите биле извршени во Истанбул, Анкара, Измир, Адана, Мерсин и други поголеми градови.