Во Турција уапсени над 10 роднини на Ал Багдади

27

Турските безбедносни сили задржале повеќе од десет роднини на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека последни уапсени во Азаз, северозападна Сирија беа сестрата на Ал Багдади и нејзините деца и оти се сместени во камп за мигранти. Расмија Авуд е заробена заедно со нејзиниот сопруг, петте деца и еден роднина.

– Ќе видиме каква одлука ќе донесе нашето Министерство за правда… Бројот на задржани роднини на ал Багдади од страна на турските безбедносни сили веќе е двоцифрен, посочи Ердоган.

Тој потенцира дека турските специјални служби веќе задржале дете на Ал Багдади, „чие сродство е докажано преку ДНК анализа“.

Ердоган вчера изјави дека турските безбедносни сили ја уапсиле сопругата на Ал Багдади.

–  Америка објави дека Ал Багдади се убил во тунел и веднаш почна медиумска кампања, а јас сега првпат кажувам дека ние ја заробивме неговата сопруга и од тоа не направивме спектакл, истакна вчера Ердоган.

Американските сили ноќта на 27 октомври извршија операција за апсење на ал Багдади во северозападна Сирија. Но лидерот на ИД се самоуби активирајќи експлозив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.