Во Турција забранети јавните собири

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска потпиша декрет со кој се одлагаат сите научни, културни и уметнички настани до крајот на април, со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус.

Во Турција досега починаа четири лица од Ковид-19, 359 се инфицирани, а 9.800 луѓе се во карантин.

Ердоган упати апел до граѓаните да останат во своите домови, но не и да престанат да одат на работа.

Во Турција суспендрани се летовите за 20 држави, затворени се училиштата, кафулињата и баровите, забранети се масовните молитви и нареди одложување на спортските настани.

Вондредни мерки воведе и турската Централна банка, а Владата отвори специјален фонд од 15 милијарди долари наменети за помош на економијата.

Се затвора и текстилната индустрија поради што расте загриженоста за судбината на повеќе стотици илјади работници. Трендот го следат и трговските центри, каде се вработени околу 530.000 работници и остваруваат годишен обрт од околу 160 милијарди долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.