Бројот на сириски бегалци во Турција надминува 1,65 милиони лица, изјави денеска турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш на координациски состанок за Сирија.
Според Куртулмуш, Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации собрала биометриски податоци на 1,53 милиони сириски граѓани, кои се наоѓаат на територија на Турција.
– До крајот на годината планираме целосно да завршиме со таа работа. Во моментот имаме 22 кампови за бегалци. Во јануари планираме да отвориме нов, 23 камп во градот Ислахије – изјави Куртулмуш.
Турција за сириските бегалци има потрошено околу пет милијарди долари.