Во Турција пристигна шестата испорака на компонентите за С-400, САД следната седмица ќе воведат санкции

(Turkish Defence Ministry via AP, Pool)

Турското министерство за одбрана соопшти во неделата дека шестиот руски авион со ново количество компоненти за одбранебениот ракетен систем С-400 слетал претходно претпладнето во водухопловната база „Муртед“ во покраината на галвниот град Анкара.

Претходно утрото во истата воздрухопловна база, исто така, со товарен транспортен авион на руското воено водухопловсто, била испорачана и петтата пратка компоненти за напредниот противводушен систем, кој Москва ги продаде на Анкара за 2,6 милијарди долари.

Испораката на ракетниот систем „С-400 Триумф“ од Русија во Турција започна во петокот 12-ти јули. Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, претходно изјави дека распоредувањето на овој комплекст најверојатно ќе започне во октомври.

Системот, чијашто цел е главно одбранбен во некои своите варијанти може да стане борбен за помалку од пет минути. Овие ракетни системи може да соборат воздушни цели во радиус од 400 километри, а балистички проектили во радиус 60 километри. Може истовремено да соборат 80 цели гаѓајќи ја секоја со по два проектила. Системот е дизајниран за соборување авиони, крстосувачки и балистички проектили, а исто така може да биде користен и против копнени цели.

Вашингтон ја предупреди Анкара дека со купување на рускиот ракетен систем, може да го загрози своето учество во проектот за развивање заеднички ловец од најновата генерација „F-35“ во кој учествуваат осум земји.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп донела одлука за воведување на пакет санкции против Турција, поради нејзиното одбивање да се откаже од руските ракетни системи. Како што во саботата пренесе агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на сопствени извори, следните денови официјално ќе биде објавена одлуката за антитурските санкции на САД.

Според сознанијата на агенцијата, се бирало меѓу три различни пакети мерки, од кои била избрана најцелисходната. Притоа, соговорникот на Bloomberg не прецизирал во што се состојат санкциите и кон кои области ќе бидат насочени, а кои сега треба да бидат одобрени од претседателот.

Во медиумскиот извештај се потенцира дека САД ќе го објават воведувањето на санкциите кон крајот на следната седмица. Според еден од соговорниците на Bloomberg, со тоа ќе биде избегато совпаѓање со годишнината од обидот за дражвен удар во Турција од 15-ти јули 2016 година, од страна на група војници и офицери на турските вооружени сили. Со тоа Вашингтон сака да го избегне повторното шпекулирање дека САД стојат зад тогашните крвави настани во Турција.