Во Турција уапсен шефот на локалната канцеларија Amnesty International

© AP Photo / Emrah Gurel

Турските власти го уапсиле директорот на локалната канцеларија на меѓународната невладина организација за човекови права Amnesty International. Танер Килич, осомничен за вмешаност во обидот за воен преврат од 15 ти јули 2016 година, се наведува во соопштението на организацијата.

Се наведува, исто така, дека покрај Килич во вторникот во Измир биле приведени уште 22 соработници на турската канцеларија на организацијата

„Поради недостиг од веродостојни и прифатливи докази за вмешаност во меѓународно признати престапи, ги повикуваме турските власти неодложно да го ослободат Танер Килич и 22-та правници, а исто така да ги повлечат сите обвиненија против нив“, се наведува во писмената изјава на генералниот секретар на Amnesty International, Алила Шети.

Ноќта меѓу 15 и 16 јули 2016 година во Турција фракција во турската армија изведе неуспешен обид за државен преврат. Главните судири се одвиваа во главнот град Анкара и во мегалополисот Истанбул. Според официјалните податоци, загинале 240 цивили, а повеќе од две илјади беа ранети, но нема податоци за настрадани меѓу пучистите.

Турските власти за неуспешниот пуч ја обвинија организацијата на проповедникот Фетула Ѓулен, кој во 1999 година живее во добровелн егзил во САД, и бараат од Вашингтон да им биде предаден. Самиот Ѓулен изјави дека го осудува начинот на доаѓање на власт со воен удар и ги отфрла обвинувањата за своја вмешаност.