Во Њујорк 12-та, во Бразил првата жртва од коронавирусот

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во американската сојузна држава Њујорк се искачи на 12 во вторникот, а истовремено брзилските медиуми објавија за првата жртва на болеста во оваа земја.

„Бројот на починатите достигна дванаесет. Вкупно во државата регистрирани се 1.374 случаи на заболувањето“, изјави на прес-конференација гувернерот на држават Њујорк, Ендрју Куомо. Додаде дека 644 сличаи на заразата се потврдени во самиот град Њујорк.

Дневниот весник Folha de S.Paulo, повикувајќи се на локалниот оддел за здравство, во вторникот објави дека е регистриран првиот смртен случај како последица од зараза со коронавирусот Covid-19. Станува збор за 62-годишен маж од Сао Паоло, и според весникот неговата смрт официјално ќе биде потврдена на прес-конференција попладнето по локално време.

Првиот случај на зараза со коронавирус во Бразил беше регистриран на 26-ти февруари, ден по завршувањето на главните карневалски празнции, кои се придружувани од масовни свечености.

Во овој момент во сојузната држава Рио де Жанеиро оима 31 потврден случај, а во државата Сао Паоло се регистрирани 152 случаи на заразата. Вкупно во Бразил се пријавени 234 заразени лица.