Во удар на гром во Колумбија повредени 77 војници

Седумдесет и седум војници се повредени во Колумбија при удар на гром неколку метри од местото на коешто вежбале за воена свеченост.

Војниците на 29-та бригада на копнените војски вежбале во близина на нивниот центар во градот Попајан, во департманот Каука, кога удрил гром, изјавил воениот портпарол, генералот  Луис Фернандо Рохас за радиото Caracol во врска со инцидентот кој се случил во саботата, пренесува агенцијата DPA.

Петнаесет војници примиле медицинска помош на самото место на инцидентот, додека преостанатите 62 биле пренесени во болниците на детални прегледи.

Војниците имаат изгореници, а некои од нив имаат и тешкотии со слухот по инцидентот, рекол Рохос.